Ременски во ОЈО за „Рекет“

Потпретседателкта на Собранието и пратеничка на СДСМ, Фросина Ременски

Потпретседателкта на Собранието и пратеничка на СДСМ, Фросина Ременски, денеска ќе даде исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“, објавуваат македонските информативни портали. Нејзиното име неофицијално се спомнуваше во дел од медиумите и во обвинувањата на опозицијата како блиска со осомничениот за „Рекет“, Бојан Јовановски, и како почесна претседателка на неговиот Меѓународен сојуз. Ременски, доскорашна потпретседателка на СДСМ, пред извесно време на Фејсбук објави дека „нема ништо против ОЈО да испита каква е нејзината почесна функција во нeвладината организација на Бојан Јовановски“.