Зоран Заев и Нина Ангеловска со ребалансот предлагаат популистички буџет, во кој се крати од развојните проекти, како капиталните инвестиции за да има пари за популистички мерки, кои имаат краткотраен ефект, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по објавата од владата за усвоениот ребаланс на буџетот.
“Планот на Заев е префрлање на пари во непродуктивни трошоци за да го минимизира незадоволството од расипништвото и корупцијата на неговиот кабинет. Колкави се дупките во економијата кои ќе се отворат на ваков начин, Заев не го интересира бидејќи знае дека е соочен со пораз на изборите. СДСМ заминува, а за сите нерегуларности ќе има одговорност”, наведуваат од опозициската партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат и дека економската политика во целост била промашена и оти каков било ребаланс немало да ја спаси власта.