Со ребалансот на Буџетот се проектирани околу 1,9 милијарда евра за „ГАМА“. Постапката на договарање со „Макпетрол“ се уште трае, а решението се очекува до крајот на годината, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.
Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, Заев нагласи дека државата ќе стане сто отсто сопственик на целиот гасоводен систем.
„Правиме ребаланс на буџетот, ребалансот мора да ги проектира ваквите средства. Се уште трае постапката на договарање со „Гама“, односно со „Макпетрол“. Знам дека се надминати работите, тоа со Правобранителството е конечно одлучено, правно постапките се завршени, се прават конечните проценки со Заводот за судско вештачење. Формирано е „ГАМА“ со основачки капитал, една акција на државата, една на „Макпетрол“. Вредноста на „ГАМА“ е јасно утврдена и колку се инвестирало плус. Со законско решение ќе настапиме во Парламентот за ваквата одлука. Но, кога го правиме ребалансот, ние мислеме дека до крајот на годината ќе можеме тоа да го решимеЌ, објасни премиерот.
Според него, не може некој да биде и снабдувач и дистрибутер.