Почнува и 5-тиот месец од истрагата за случајот „Рекет“, а дури сега почнаа да се викаат споредните соработници на Боки 13, а не нарачателите. Петтиот месец тече, а сеуште Вилма Русковска ги штити инволвираните политичари од власта и не ги повикува на распит да дадат исказ, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога и дали планира Вилма Русковска да ги повика на распит Зоран Заев, Кики и Фрики, Шеки и сите останати од меѓународниот сојуз? Каде е торбата со пари која што беше земена од страна на Боки 13?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, и додаваат дека, како што велат, „Вилма Русковска нема намера да го расчисти случајот „Рекет“.