Пожар вечерва избувна во Катланово над бензинската пумпа на автопатот Велес-Скопје, при што од огнот е зафатена нискостеблеста шума и тој се шири кон повисок дел од борови дрвја, велат од Противпожарната бирагада на Град Скопје.
Заега десет возила и 22 пожарникари се вклучени во гаснењето на пожарот, а на терен е испратено и едно возило од рафинеријата „ОКТА“, да им помогне на пожарникарите.
Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје Владимир Симоновски изјави дека гаснење на пожарот ќе продолжи во текот на ноќта и оти е зафатена голема површина
„Продолжуваме со гаснење и во текот на ноќта. Зафатена е голема површина која се шири нагоре, кон боровата шума, но сметаме дека стихијата нема да ги зафати викенд-куќите“, вели Симоновски.
Пожарот избувна пред речиси два часа, а од страна на скопската Пожарна беше лоциран над бензинската пумпа на автопатот Велес – Скопје. Се интервенираше веднаш, најпрво со две, а потоа со вкупно седум пожарникарски возила, велат од лужбата
Вечерва пожар има и во општините Карбинци и Пробиштип. Гори сува трева и ниско стеблеста шума во атарите на селата Горни Балван, Крупиште и Пишица, при што зафатени се повеќе ридови, а оган и чад може да се види и од повисоките делови на градот Штип.
Командирот на Противпожарната единица во Штип, Тони Атанасов вели дека на терен се сите пожарникари, огнот се гасне со рачни пумпи и метли, бидејќи станува збор за непристапен терен.
Оттаму информираат дека противпожарните возила не можат да пристапат кон теренот кој е зафтен, како и дека бо гаснењето на пожарот се вклучени и пожарникари од Пробиштип и Кочани.
Засега не постои опасност за доближување на огнените јазици до некое од населените места, а пожарникарите имаат пунктови покрај овие три села за да се интервенира доколку се доближи огнот, велат противпожарните единици.
Атанасов вели дека станува збор за голема површина, но во моментов не може да се даде точна проценка за колку хектари се работи.