Грција усвои мерки за справување со бегалците и мигрантите

Илустрација.

Грчкиот владин совет за надворешна политика и одбрана на Грција на вонреден состанок кој се одржа во премиерската палата, донесе мерки за зголемен надзор на границите, спојување на децата без придружба со нивните семејства во ЕУ, пренесување на бегалци и мигранти од островите во други центри, промена на процесот за доделување азил и дрги мерки.

Владиниот портпарол и министер Стелиос Пецас соопшти дека на состанокот под Киријакос Мицотакис биле донесени одлуки за нова силна политика за конкретното прашање, по зголемеиот број бегалци и мигранти кои пристигнуваат во источниот дел на Егејското Море.

Од грчките острови 116 деца без придружба, за да се поврзат со нивните семејства, ќе бидат пренесени во други земји од Европска Унија, со кои веќе постои соодветен договор.

Во следните седмици 250 деца без придружба ќе бидат префрлени во безбедни центри во Грција, а планирано е истото да се направи и за други бегалци и мигранти со цел да се намали бројот на оние што се на островите.

На денешниот вонреден состанок на Советот било одлучено и да се зголеми надзорот на границите во соработка како со Фронтекс, така и со европските власти, но и со НАТО.