Потпретседателот на СДСМ и министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска изјави дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговата прартија „се уште имаат шанса да покажат дека навистина се за правда и неселективно владеење на правото.“
„Ги повикуваме да дадат придонес да се донесе законот за Јавно обвинителство“, вели Манчевски додавајќи дека „во спротивно ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш ќе потврдат дека единствена цел им е да ги заштитат тајкуните и криминалците на реимот“, вели Манчевски.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека СДСМ се заглавени и оти се подолу тонат со обидите да ги амнестираат криминалот и високата корупција: „тоа е единственото на кое се посветени и за тоа ја жртвуваат иднината на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ниту правда ниту интеграции ќе има со селективноста на правдата која што ја водат преку “пупка судството” и прислушуваното ЈО на Зора Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.