Голем пожар веќе два дена беснее во атарот на селото Церје, општина Пустец, Мала Преспа. Пламените јазици уништија огромна површина дабова шума, кои се дел од нацоналнот парк „Преспа“. Тиранската телевизија Топ чанел јави дека непристапниот терен и ветерот се дополнителен проблем. Според истиот извор, пожарот на албанска страна се префрлил од Грција, каде што пожарот бил изгаснат со канадери.