Собранието ја изгласа потребата од итно донесување на Закон за ЈО

Собранието денеска, со 57 гласа ЗА, ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на Предлог-законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.

Со ова почнува расправата за овој предлог закон во собраниските комисии. Министерката за правда Рената Дескоска на почетокот на седницата изрази надеж дека сите политички партии ќе смогнат сили да гласаат за овој закон со кој ќе продолжат постапките почнати од Специјалното јавно обвинителство.

„Се надевам дека сите вие ќе смогнете сили да стиснете зелено копче за да го изгаснете пожарот во кој се наоѓаме повеќе години, а тоа ќе значи продолжување на постапките на Специјалното јавно обвинителство во кој гледаме дека имаме индиции и обвиненија за сторен криминал направен од претходната власт, но исто така имаме и стиуација во која е отворен сериозен случај, а тоа е случајот Рекет, кој исто така треба да има сериозна постапка која ќе доведе до завршување насудскиот процес“, рече Дескоска.