Советот на јавни обвинители денеска ќе одржи седница на која се очекува да ја започне постапката за разрешување на Катица Јанева. Поради тајноста на истражната постапка за случајот „Рекет“ која е се уште во тек, седницата на Советот ќе биде затворена за јавноста. Пред почетокот на седницата Советот очекува да ги добие сите неопходни документи за предметот и да донесе одлука дали ќе ја отпочне постапка за разрешување на Катица Јанева преку Собранието или ќе назначи в.д. специјален обвинител од редовите на СЈО.