Здружението на новинари (ЗНМ) ќе формира регистар на онлајн медиуми за да се подобри известувањето кај порталите кои се главни креатори на дезинформации.
„Регистарот ќе ги содржи професионалните портали, оние кои исполнуваат услови да бидат медиуми“, вели претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.
Од ЗНМ велат дека новинарите не треба да бидат заштитени мечки, но и политичарите да имаат повисок праг на толеранција кога се закануваат со тужби.