За пола година 70 жртви во сообраќајки

Илустрација.

Во првите шест месеци од 2019 година во сообраќајни незгоди на патиштата во државата загинале 70 лица. Во 2018 година, според податоците од СВР Скопје, вкупниот број жртви во сообраќајни несреќи е 118. За Форумот за граѓански активизам, 2019 година е најцрна година на патиштата и потребни се итни системски промени.

Статистичките податоци го покажуваат, a тоа и со сигурност може да се констатира, велат од Форумот, дека 2019 година е најцрна година на патиштата во државата споредувајќи ги последните 20 години.

„Само на пример за споредба, во првите шест месеци од 2019 година има зголемување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди за 20 проценти во споредба со 2018 година, a во споредба со 2017 година оваа бројка е зголемена за 25 проценти“, појаснуваат од Форумот за граѓански активизам.

Според статистичките податоци брзото возење, односно неодговорното однесување во сообраќајот и понатаму останува главна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици. Во 2018 година, во Република Северна Македонија, 43 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди предизвикани од брзо возење, а 1.069 лице се здобиле со тешки и сериозни повреди како последица на брзото возење.

.