Микаил Јуксел, шведски политичар со турско потекло, во Шведска ја формираше првата „Партија на мигранти“, пренесе турската државна агенција Анадолија.
Јуксел во изјава за тамошните медиуми подвлече дека неговата партија ќе ги преставува интересите на мигрантите. Веќе е поднесено барањето за нејзина регистрација во изборниот орган на оваа скандинавска земја, за да може да се вклучи во трката за следните избори.
„Сакаме исламофобијата да се прогласи за криминал. Сакаме муслиманите да бидат признати за малцинство во шведскиот Устав“, изјави Јуксел, објаснувајќи ја програмата на неговата партија.