Јанева осомничена за Рекет, Обвинителството бара притвор

Јавниот обвинител Љубомир Јовески

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, денеска на прес-конференција, информираше дека истрагата за „Рекет“ е проширена и врз специјалната обвинителка Катица Јанева, која еден час претходно беше приведена по наредба на Обвинителството.

Според Јовески, Јанева се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања, како и за против-правно овозможување стекнување материјална корист во случајот „Рекет“. Обвинителството побарало мерка притвор за Јанева.

Јовески изјави дека нема индиции оти парите од случајот Рекет завршиле кај домашни ниту пак кај странски политичари.

Додека траеше прес-конференцијата, неофицијално, полицијата, во присуство на Јанева врши претрес во нејзината канцеларија во СЈО, а според се уште непотврдени информации, се врши претрес и во нејзиниот дом во Гевгелија.

На новинарско прашање, обвинителката Вилма Русковска изјави дека освен за Јанева, не е даден налог за приведувањре и на други лица во врска со случајот „Рекет“ и дека за синот на Катица Јанева, за сега, нема, како што рече, доволно основано сомневање за некое незаконско дејствие.

Во притвор за случајот „Рекет“ веќе се осомничените Бојан Јовановски - Боки 13 и Зоран Милески - Кичеец.