Обвинителот Бурим Рустеми од СЈО, кој денеска беше сослушан во Обвинителството за организиран криминал, изјави дека одговорил на сите поставени прашања кои му биле поставени и дека неговиот исказ ќе придонесе за развој на истрагата, во делот на настаните поврзани со предметот „Поштенска банка“.
Рустеми истакна дека тој не почувствувал влијание врз неговата изјава пред ОЈО, и дека ако имало влијание - ќе пријавел.
Тој за информацијата за претрес на влез и излез на обвинителите во СЈО, издадено од Шефицата во оставката, Катица Јанева рече дека не знае, зато што „и вчера и денес е со обврски, односно дека вчера бил на судење за случајот „ТНТ“, а денес дека е на сослушување во обвинителството“.
Претходно, во врска со случајот „Рекет“ на исказ беа повикани обвинителките од СЈО, Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, а шефицата на СЈО, Катица Јанева, добила покана да се јави во Обвинителството да даде исказ во вторник во 10 часот.