Словенечки лоцвец бил полесно повреден кога во шума на југозападот на земјата го нападнала мечка, соопшти полицијата, наведувајќи дека тоа се случило кога тој и се приближил несевесен за нејзиното присуство. 67 годишниот ловец бил изгребан од мечката која имала и мече. Тој успеал да ја избирка со силно викање, пренесува Асошитед прес. Кон средината на јуни мечка повреди една жена во близина на Љубљана. Во Словенија се води жестока дебата околу владината одлука да се дозволи одстрел на десетини мечки и волци, бидејќи нивниот број значително се зголемил.