Заев: Жалам ако погрешно ме разбрале, ќе се бориме против криминалци и манипулатори

Жалам ако од некого сум бил погрешно разбран или протолкуван, но останувам на моите определби за кои претходно зборував, како и на вербата во вредностите за кои отсекогаш сум се борел. Нема да дозволиме на непријателите на нашата земја да им успее планот преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјава, членството НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, вели премиерот Зоран Заев, во интервју за МИА, а по големиот број реакции на неговата изјава дека нема да дозволи „криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја турнат Владата“.

„И јас и Владата, цврсто стоиме во одбрана на слободата на изразувањето, слободата на медиумите и во одбрана на човековите права на сите индивидуи во нашата земја. Владата цврсто стои на својата определба за недискриминација и за почитување на различностите на сите заедници во земјата, вклучително и ЛГБТИ заедницата“, вели Заев во интервјуто.