Забрана за хамбургери - борба против климатските промени

Одлуката, која е со цел борба против климатските промени, ќе стапи на сила во септември

Универзитетот Голдсмитс во Лондон ќе ги исфрли сите говедски производи, вклучувајќи ги тука и популарните хамбургери, од својот кампус за да постигне неутралност на јаглерод до 2025 година, бидејќи тоа испушта околу 3,7 милиони килограми јаглерод годишно, објави Си-Ен-Ен.

Одлуката, која е со цел борба против климатските промени, ќе стапи на сила во септември, со почетокот на новата учебна година, а ќе влијае на сите кантини, кафулиња и продавници за храна на Универзитетот.

Планирано е да се воведе и мала такса од 10 центи за оние студенти кои продолжуваат да користат флаширана вода, како и пластични чаши за еднократна употреба за да ги намалат и на крајот да ја спречат нивната употреба, а парите од таа такса ќе одат во „фондот за зелена студентска иницијатива”.