Народниот правобранител ја осуди пораката на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија објавена на неговиот профил на Твитер во која е поставена бесилка оценувајќи ја како говор на омраза и побара од надлежните институции да реагираат и да го расчистат случајот.
„Народниот правобранител како членка на Мрежата против говор на омраза го осудува секој чин на ширење на говор на омраза, од причина што во едно општетство какво што е нашето тоа може да остави далекусежни последици и да поттикне дела од говор на омраза. Оттука ги повикуваме надлежните институции Министерството за внатрешни работи и Обвинителствиото веднаш да реагираат и да го расчистат секој слуачај на ширење на говор на омраза. Неказнивоста на ова дело делува охрабрувачки, а Република Северна Македонија токму во овој сегмент досега не покажа голем капацитет за справување со оваа негативна општествена појава“, се вели во изјавата на Народниот правобранител за МИА.
Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Стевананџија завчера објави твит со слика од бесилка со текст: „Ќе биде се ОК! Зоран Заев“, што беше оценето како говор на омраза, по што твитот беше повлечен.