Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, земал две плати, една од клиниката за Дигестивна хирургија и една како ректор на УКИМ, соопшти денеска Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Било утврдено дека по изборот како ректор, тој не го ставил во мирување своето работно место на Дигестивна хирургија, а согласно законот требало.
Од ДКСК предлагаат од директорот на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје, Зоран Караџов да се побара кривична одговорност за злоупотреба на службената положба. Ќе има и кривична одговорност за ректорот, кој требало да го достави барањето до Клиничкиот центар, тоа не го направил и се стекнал со материјална корист. ДКСК предлагаат да се испита и кај другите универзитети дали е слична состојбата.