Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска по објавата на новите аудио снимки поврзани со Случајот „Рекет“ реагираше дека никој не верува во алиби соопштенијата на Владата, ниту пак во правдањата на компромитираното СЈО. Вистината, според него, е оти Владата под маската за борба против криминал создала и штити криминал.
„Симплифицирано ова би значело, Катица, која е пуленот на Заев, треба да почекаме да се врати од “боледувањето” кое случајно го врви на море кај јужниот сосед, со надеж дека можеби и ќе залади за да се одоброволи да даде изјава за нејзиното учество во милионскиот рекет. Кики и Фрики се заштитените светињи, не затоа што се невини, туку затоа што блиску до врхушката на власт, а Заев ако треба и би жртвувал по некој само за да се спаси себе си. Знаеме дека ова не е изолиран случај, туку случајот Рекет е само камче од системот на криминал и корупција кој владее во Република Македонија. На површина ќе излезат и заканите кон многу други луѓе кои оваа власт ги правеше“, наведува Мицкоски.