Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска при посета на Штип изјави дека од стартот на мерката Мој ДДВ од почетокот на минатиот месец досега се скенирани девет милиони фискални сметки.
Според неа, остварениот промет е околу 4,7 милијарди денари. Таа посочи и дека првпат државата директно враќа пари назад на сметките на граѓаните.