Пред дваесет години тогашниот руски претседател Борис Елцин го назначи својот четврти премиер за помалку од 18 месеци:
Владимир Путин, релативно непознат началник на безбедносните служби со слабо искуство во политиката.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Малкумина можеа да предвидат дека две децении подоцна Путин сè уште ќе владее во Русија, преземајќи доминантна улога и во светските работи.
Но, годишнината доаѓа во време на неизвесност за лидерот.
Рејтинзите на Путин остануваат на ниво на кое му завидуваат повеќето западни лидери, но тие се најдоа под удар на слабата економија и намалувањето на животниот стандард.
Во меѓувреме, на најновите протести во Москва се забележани илјадници уапсени, што е најголемо справување со демонстрантите од протестите против Путин кога се врати во Кремљ во 2012 година, откако беше премиер.
На 66-годишниот Путин, ова му е последен мандат според рускиот устав, но - откако ја задуши конкуренцијата и ја презеде контролата врз повеќето медиуми - нема некоја личност која би го заменил.
Аналитичарите велат дека е малку веројатно Путин да се откаже од власта кога ќе заврши неговиот тековен мандат во 2024 година.
Путин либерал
Сликата беше многу различна кога Путин победи на неговите први претседателски избори по раната оставка на Елцин за новогодишната ноќ во 2000 година.
Политичкиот аналитичар Константин Калачев вели дека Путин започнал како либерал кој е подготвен да работи со Западот.
„По Портокаловата револуција во Украина, за која Кремљ сметаше дека е поддржана од странските влади, ставот на Путин се смени, вели Калачев додавајќи:
„Рејтингот на Путин сега е целосно различен од оној што го имаше претходно. Порано тоа беше вистинско обожавање, а не само поддршка. Денес, тоа е рејтинг на популарност заснован врз отсуство на алтернатива“.
Голем дел од јавноста го гледа како човек што го врати достоинството на Русија по понижувачкиот колапс на СССР и како гаранција за стабилност по промените во 90-тите години.
Историска мисија
Сега Путин и неговиот тим бараат начин што ќе им овозможи да го задржат своето влијание, велат експертите не исклучувајќи ја можноста тоа да биде преку создавање нова институција, нешто како колективно тело кој ќе води Путин, кој сега имал поинаква цел:
„Тој сака да биде запишан во руските учебници како голем човек, сличен на Петар Велики или Катерина Втора“.