Алијансата за Албанците бара да се отвораат истраги за сите предмети кои се во предистражна постапка, како што е предметот ,,Пациент”, во кој е осомничен и вицепремирот Бујар Османи.
„Случајот ‘Рекет’ е доволен доказ дека сите тие случаи се пропаднати поради рекет, додека видео-матерјалот кој што е објавен денес го потврдува тоа. Алијансата за Албанците уште еднаш го повторува барањето за Обвинител од ЕУ како решение за излез од ќорсокакот во кој е најден нашиот правосуден систем“, стои во соопштението од Алијанса за Албанците, од каде апелираат и за целосно расчистување на случајот „Рекет“ и проширување на истрагата.
Во случајот „Пациент“, СЈО го сомничи Бујар Османи дека како екс-министер за здравство од 2010 одобрил предлог на Комиисија за јавни набавки која пак спровела фаворизиран тендер за бугарска фирма која била избрана да реконструира неколку болници низ земјава.