Полицијата во координација со Обвинителството спровела проверка во фирми во сопственост на охридскиот советник од редовите на ДУИ, Нефи Усеини, јавуваат медиумите. Денеска се проверувало во чија сопственост е земјиштето на кои има база за бетон, во сопственост на Усеини, а проверките уследиле по претходно отворени истраги.
Охридскиот советник во последно време стана познат откако отвори локал дивоградба во заштитеното подрачје на Охрид. Објектот не е урнат и покрај решението за уривање. Потоа Усеини учествувал на тендерот за фирма која треба да урива дивоградби. Потоа реагираше Државната антикорупциска комисија по што договорите меѓу фирми на Усеини и општината беа прекинати.