Почната е постапката за јавна набавка на изградба на нов универзитетски Клинички центар, соопштуваат од Министерството за здравство.Критериум за избор на најповолна понуда ќе биде најдобар однос помеѓу цената и квалитетот, економски најповолна понуда. За првпат не е критериум најниска цена, туку економски најповолна понуда, при што се земаат во критериум цена 30 бода и квалитет 70 бода, соопштуваат од Министерството.
„Изградбата на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје на greenfield локација ќе гарантира високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава“, стои во соопштението.