Атина и Вашингтон ја потврдија заложбата за дополнително продлабочување на блиската билатерална соработка во енергетскиот сектор на средба на делегации од двете земји во грчкото МНР, а помошникот државен секретар на САД за енергетски извори Францис Р. Фанон упати честитки до Грција за претстојното завршување на грчкиот дел од гасоводот ТАП, за тековната изградба на интерконекторот Грција – Бугарија како и за планот за подобрување на интерконекцијата со Северна Македонија, соопшти грчкото МНР.
Денеска е одржана прва средба на работните групи за енергетски прашања во рамки на стратешкиот дијалог Грција – САД, а на средбата на делегациите предводени од Фанон и од заменикот министер за надворешни работи на Грција Константинос Франкојанис, била поздравена улогата на Грција како столб на стабилност и регионален крстопат за транзит и снабдување со природен гас, јавува МИА.
Од грчкото МНР соопштуваар дека делегациите разговарале за можностите за американски приватни инвестиции во грчкиот енергетски сектор и за проширување на соработката во областа на обновливата енергија. Втората средба во рамките на стратешкиот дијалог Грција- САД ќе се одржи наесен во Грција