Извршителите во Македонија лани наплатиле околу 127 милиони евра од граѓани, фирми и други должници, соопшти Комората на извршители. Според нејзиниот годишен извештај, ова е наплата од реализирани 55,69 отсто од вкупно 112.250 барања за извршување.
Најмногу пари во 2018 година извршителите наплатиле од должници правни лица - 78.778.108 евра, потоа од физички лица - 33.432.971 евра, а од државата 15.946.914 евра, се наведува во извештајот на Комората.