Поранешниот Генерален секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски, изрази сомнеж дека во случајот „Рекет“ учествувале членови на владејачката партија и дека не можеле да претпостават што прави нивниот, како што вели, познаник Боки 13.
„Се сомневам дека високи функционери од СДСМ, кои добиле чест од граѓаните и партијата би се впуштиле во вакво злодело. Го тврдам тоа, а и за многу скоро ќе се потврди. Познанството или пријателството е една работа, нечие делување надвор од законите е сосема друга. Никој од сите нас немало ниту што да крие ниту што да манифестира со било кого. Ниту моите колеги, ниту јас сум можел да претпоставам што сѐ наш познаник прави и како тоа се одразува врз нас“, Вели Кирацовски во интервју за Фактор.