Државната комисија за спречување корупција повела постапка за кривично гонење на градоначалникот на општина Сарај поради дивоградбите на Матка, а оформила и предмети за дивоградбите во општина Охрид и за спорниот тендер на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за набавка и инсталација на АТМ систем за управување со воздушен сообраќај..
По увидот на лице место и увидот во целокупната документација, Комисијата за спречување корупција утврдила дека градоначалникот Беџети имал законска обврска да ги одбие барањата за легализација на времените објекти, но не постапил според обврската, што според антикорупционерите „е прекршен законот за локална самоуправа“.
Антикорупциска ќе испрати и предлог до Владата обврските на општината да ги превземе Министерството за транспорт и врски, а Министерството за животна средина и просторно планирање да ја прогласи Матка за заштитено подрачје.