Кина ќе одговори со контрамерки ако САД воведат дополнителни царини за кинескиот увоз, соопшти портпаролот на Министерството за надворешни работи, Хуа Чунинг, без да прецизира какви мерки би биле преземени. Според Кина, наметнувањето нови царини не е решение за трговските несогласувања.
Претходно, претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека ќе почнат со примена на нови царини од 10 отсто на производи од Кина од 1 септември, во вредност од околу 300 милијарди американски долари. Сепак, како што наведе Трамп на својот профил на „Твитер“ преговорите што се одржуваат во моментот, ќе продолжат.