Дали е откриена планета со идеални услови за живот?

Илустрација

НАСА ја именувала „ГЈ 357д“, но истражувачите ја нарекоа „Супер Земја“ под претпоставка дека на неа има слични услови како на Земјата

Планетата „ГЈ 357д, која НАСА ја снимила и која е оддалечена од Земјата околу 31 светлосна година од нас, може да има идеални услови за живот, велат научниците кои ги проучувале снимките, објавија светските новински агенции и специјализираните медиуми.

НАСА ја именувала „ГЈ 357д“, но истражувачите ја нарекоа „Супер Земја“ под претпоставка дека на неа има слични услови како на Земјата, само што таа е многу поголема од нашата планета.

„Семтаме дека ова е прва блиска„ Супер Земја “ на која луѓето би можеле да живеат. Поради густата атмосфера на планетата, може да се задржи вода на тамошната површина, како на Земјата, и се надеваме дека во следните снимања ќе можеме да регистрираме и знаци на живот“, вели д-р Лиза Калтенгер, која го водела истражувањето.

Дијана Косаковски од Институтот Макс Планк за астрономија во Хајделберг, која е коавтор на специјална студија за астрономија и астрофизика, смета дека новооткриената планета е во надворешната орбита околу својата sвезда и дека прима приближно иста количина енергија колку што стигнува до Марс од Сонцето.