Македонскиот и бугарскиот премиер, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска заедно положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје. На поклонувањето на гробот на македонскиот револуционер беа присутни и министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Екатерина Захариева.
Претходно Заев и Борисов имаа заедничка прес-конференција на која истакнаа дека заеднички ќе се решат сите останати спорови межу државите, а бугарскиот премиер се извини што рекол северномакедонци.
Борисов, кој престојува во еднодневна посета на земјава, ќе има средба и со македонскиот претседател Стево Пендаровски, а потоа со премиерот Заев во Дојран ќе положат цвеќе на обновениот споменик на полковник Константин Каварналиев.