Создадени се првите конкретни услови, преку обезбедување финансиски средства, за изградбата Клиничкиот центар, соопшти Владата по нејзината последна седница. На седницата е констатирано, дека доколку сите процедури се одвиваат според предвидената динамика, може да се очекува во текот на зимата да биде поставен камен темелникот на новиот Универзитетски Клинички центар во Скопје, соопшти Владата.
Истовремено, усвоена е и информацијата за начинот на финансирањето на изградбата.
„Задолжено е Министерството за финансии, во соработка со Министерството за здравство да отпочне преговори со конзорциумот на банки Ерсте груп, Рајфајзен банк и Уникредит за заем обезбеден со гаранција од ECA“, соопшти Владата.