Од септември ќе почне укинувањето на квотите за лекови

Решението за лекови без квоти треба да стартува во периодот од 1-ви септември до 1-ви октомври, до кога надлежните работат на изнаоѓање механизми на контрола за да нема злоупотреби, најави денеска премиерот Зоран Заев.

„Наша асприрација е меѓу 1-ви септември и 1-ви октомври да ги пуштиме лековите компленто без квоти. Тоа е сериозен исчекор, државата влегува во сериозен ризик, но граѓаните ќе имаат лекови. Ако успееме да ги ставиме контролните механизми ние ќе стартуваме со еден ваков процес, така што суштината е буквално пораката – немојте да крадете од граѓаните и државата, затоа што без разлика кој во каков сегмент работи тоа е казниво по Кривичниот закон и се одговара со казна затвор“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Ургентниот центар во Куманово.

Тој рече дека има сериозни индиции за злоупотреба во делот на позитивна листа на лекови и издавањето на рецепти.