УХМР: Топлотен бран од утре во Македонија, температура до 40 степени

Илустрација

Од УХМР прогнозираат дека во Македонија од утре ќе има многу топло време, со високи температури и висок УВ индекс. Според метеоролозите, во Македонија доаѓа толотен бран кој се очекува земјава да ја зафати од утре, со тенденција на пораст на температурите до петок, кога се очекува максимална температура од 40 степени целзиусови.

Од УХМР соопштуваат дека не се исклучува можноста таквото време да продолжи и за време на престојниот викед. УВ индексот се очекува да ја достигне вредноста 9.