Орбан ја критикуваше ЕУ за миграцијата и економијата

Виктор Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ја критикуваше Европската унија, наведувајќи дека во последните пет години направила "сериозни грешки" во врска со миграцијата и економијата.

Според Орбан, Европската комисија треба да му дозволи на Советот на министри за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ да одлучува за прашањата на миграцијата. Тој исто така рече дека е време да се врати идеалот на "конкурентна европска економија“.

"Насекаде ни требаат работни места и намалување на даноците", изјави Орбан.

Орбан додаде дека на Унгарија најверојатно ќе и требаат уште две стимулативни мерки за заштита на домашната економија, како што се намалувањетo на даноците и инвестициски стимулации, поради забавувањето на економскиот раст во западноевропските земји, кои се главните трговски партнери на Унгарија.