Централната манифестација за 2-ри август во Вила Водно

Стево Пендаровски

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, по повод државниот празник Ден на Републиката, на 2-ри август со почеток во 11:30 часот ќе се одржи централна манифестација на која ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски и претставник на главниот одбор на Сојузот на борците. Како што информираат од Кабинетот на претседателот, на свеченоста се поканети членови на Сојузот на борците, претставници на институции и на политички партии во државата, како и членови на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Северна Македонија.

Претходно, во организација на Кабинетот на претседателот во Скопје ќе се одржат неколку настани во рамки на чествувањето на 2-ри август. Во Алејата на великаните, на градските гробишта Бутел, претседателот Пендаровски заедно со претставници на Сојузот на борците, во 10 часот ќе положи цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ, а ќе се поклони и ќе оддаде почит на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генерал Михајло Апостолски. Делегација од Кабинетот на пpетседателот во 8:45 часот ќе положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена-борец, во 9 часот пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија и во 09:15 часот пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на градскиот плоштад во Скопје.