Топлотниот бран кој зафати делови од Европа најверојатно дека ќе се придвижи кон Гренланд, а тоа би можело да ја загрози ледената обвивка, објавија денеска Обединетите нации.
Топлиот воздух кој се движи од Северна Африка вчера го надмина европскиот просек на рекордни температури за 2, 3 или 4 степени целзиусови, рече Клер Нулис, портпаролка на Светската метеоролошка организација, опишувајќи го феноменот како "апсолутно неверојатен".
Нулис на редовниот брифинг на ОН во Женева изјави дека "според предвидувањата ... атмосферскиот проток сега ќе ја пренесе таа топлина кон Гренланд",
Мразот на Гренланд е клучен дел од глобалниот климатски систем и неговото топење ќе резултира со зголемување на нивото на морето и климатските промени. Мразот на Гренланд брзо се топи во последниве недели, рече таа, цитирајќи податоци од дански научник за клима. "Само во јули изгубени се 160 милијарди тони мраз преку топење на површината.