Фатиме Фетаи да го води новото обвинителство, предлага Алтернатива

Фатиме Фетаи

Партијата Aлтернатива ја предложи специјалната обвинителка од СЈО, Фатиме Фетаи, да раководи со новото Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.

„Како кадар која досега не оставила зад себе траги од злоупотреба на службената должност и како професионалец во борбата за правда, убедени сме дека може да ја врати довербата во владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои се толку длабоко вкоренети во нашата земја“, соопштија од Алтернатива.

Од партијата велат дека очекуваат другите партии во Македонија да го поддржат нивниот предлог и ќе ги надминат нивните етнички и политички линии за да ѝ гарантираат на Северна Македонија правда и сигурен пат кон ЕУ и НАТО.