Вршителот на должноста помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер и американската амбасадорка Кејт Мари Брнс денеска беа во посета на Кавадарци. Тие се сретнаа со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
“Чест огромна е да се биде домаќин на високи политички претставници, тоа е од големо значење за општина Кавадарци”, рекоа од кабинетот на градоначалникот.
Ова беше прва средба на Јанчев со новата амбасадорка.
Претходно денеска помошник државен секретар Рикер и амбасадорка Брнс беа во Битола, каде што се сретнаа со градоначалничката Наташа Петровска.
“Битола е градот кој има стратешка позиција и во економскиот и во политичкиот живот во земјава”, истакна Рикер на средбата со Петровска.
Toj во дводневна посета на земјава допатува од Грција. Утре има средби со државниот и политичкиот врв во Скопје.