Определен притвор за Мoрина, за екстрадиција одлучува Министерството за правда

Архивска фотографија- Основен суд Скопје 1

Судија на претходна постапка по предлог на Јавното обвинителство определи мерка притвор од 30 дена на лицето Т.М. поради основи од член 165. ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1, додавајќи дека во однос на постапката за екстрадиција одлучува надлежното Министерство за правда.

Томор Морина, поранешен член на Ослободителната војска на Косово, е уапсен во Северна Македонија по потерница на Србија.

Од Основниот суд Скопје 1 сооштуваат и дека предлог од обвиниетелството за определување мерка притвор е поради екстрадиција по распишана меѓународна потерница на Интерпол – Србија.

“По сослушување на лицето во присуство не неговиот бранител, како и ценење на фактите и доказите во предлогот, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот и на Т.М. му определи мерка притвор од 30 дена, а во однос на постапката за екстрадиција одлучува надлежното Министерство за правда”, наведуваат од Кривичниот суд.