Последните случувања во земјава со аферата „Рекет“ е порака која владата ја испраќа за бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупцијата, изјави премиерот Зоран Заев по денешната средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.
„Пораката е дека никој не е привилегиран и амнестиран. Охрабруваме да продолжи постапката без разлика до кого ќе стигне“, рече Заев.
Тој со Хан разговарал за новиот Закон за јавно обвинителство, кој треба да се донесе за, како што вели премиерот, да не оставиме аргумент на ниту една земја да каже „Не“ во октомври за датум за преговори.