Македонските затвори пренатрупани и без доволно пари

Macedonia - Prison Skopje, Shuto Orizari, Shutka - N/A

Казнено-поправните домови немаат доволно париимаат недостиг од финансии за соодветно управување, недоволен број на вработени, пренатрупаност, слаба ресоцијализација, недостиг на здравствени услуги, незадоволителен квалитет и количина на храна, слаб контакт на затворениците со семејствата.

Ова се дел од заклучоците на работната група на собраниската Постојана комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, кои беа презентирани на денешната Јавна расправа на тема: Состојбата со човековите права во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија.

Претседателот на Комисијата, Фадил Зејнели со работната група од повеќе пратеници посетиле три затвори и тоа во КПУ Идризово, Штип и Охрид, во период од јуни 2018 до јули 2019 година.