Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, изјави дека не е работа на Собранието или Владата да одредуваат прв човек на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција, кое би требало да го наследи СЈО. Тоа, според Груби, треба да го направи Советот на обвинители.
„Не е работа на политичките партии да навлегуваат во кадровски решенија за нов обвинител. Кога тоа го направија пред четири години, гледаме сега што излезе“, го коментираше груби предлогот на премиерот Зоран Заев обвинителката Вилма Рускоска да ја замени специјалната обвинителка Катица Јанева.