Случајот „Рекет“ покажува дека Јавното обвинителство се бори против корупцијата на високо ниво и го поддржуваме да работи на вакви случаи, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар и додаде дека не гледа причина за политичка криза во земјата.
„Случајот со СЈО и обвинителката Катица Јанева го гледам од позитивната страна. Гледаме дека Јавното обвинителство се бори против корупцијата, дека води борба против корупцијата на високо ниво. Сметам дека ги подржуваме Јавното обвинтелство да биде поангажирано и да работи на вакви случи. Мислам дека нема причини за политичка криза во државата, бидејки институциите функционирааат, ЈО е функционално, а функционира и СЈО“, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Тој додаде дека е земено предвид тоа што специјалната обвинителка Катица Јанева ја нема и дека си даде оставка, но дека СЈО ќе продолжи да функционира до 15 септември, додека е Законот за неговото постоење.
„Дотогаш има доволно време лидерите на партиите да размислат за работата на СЈО, можноста тоа да биде интегрирано во рамките на Општото јавно обвинителство. Меѓутоа има време сето тоа да се реши“, нагласи евроамбасадорот.