Јовески: Знаеме како се давани парите во случајот „Рекет“

Јавниот обвинител Љубомир Јовески

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, вели дека знаат како и од каде се дадени 1,5 милиони евра во случајот „Рекет“, каде осомничени се Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и Зоран Милески –Кичеец.

„Парите се дадени во готовина во два наврата. Обвинителството уште во предистражната постапка ги утврди начинот и сметките од кои се обезбедени парите. За да не се наштети на постапката, други детали не би откривал. Но кога ќе бидат создадени услови, јавноста ќе биде запознаена со начинот на извршување на кривичните дела во овој предмет“, вели Јовески во интервју за „Независен весник“.