Дескоска: Случајот „Рекет“ го зaбрза интегрирањето на СЈО и Јавното обвинителство

Архивска фотографија- министерката за правда Рената Дескоска

Личната одговорност не треба да ја врзуваме со одговорноста на целата институција. Случајот „Рекет“ само го збрза реализирањето на идејата да се интегрираат СЈО и Јавното обвинителство, вели министерката за правда Рената Дескоска.

Таа истакнува дека оваа идеја била ставена на маса од страна на Министерството во преговорите со опозицијата за новиот закон за ЈО и вели очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати законот предложен од Владата затоа што одделението за организиран криминал покажало дека може да се справи со случите на висока корупција.

“Навистина се непријатни случувањата на кои што сведочевме минатата недела. Да не речам дека се шокантни, генерално за сите коишто очекувавме, верувавме и баравме ефикасни механизми за борба против корупцијата. Но, мислам дека личната одговорност не треба да ја врзуваме со одговорноста на целата институција”, вели во интервју за Телма министерката Дескоска.

Во однос на предметите, Дескоска појаснува дека сите случаи кои се водат во едното и во другото обвинителство сега ќе бидат слуачи кои што ќе ги води новото ЈО.