Спојувањето на Специјалното јавно обвинителство со Јавното обвинителство за ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо, рече денеска на прес конференција портпаролот на опозициската партија Димче Арсовски.
“Со спојувањето на Специјалното јавно обвинителство во Јавнтото обвинителство , односно со припојувањето, на некој начин со влегувањето тоа е практично прифатливо и тоа е една од да речам оние можности кои што беа понудени. Во однос на деталите на законот веднаш што биде анализиран ќе излеземе со конкретни забелешки, бидејќи треба време за целиот закон да видиме колку е поразличен од оној ние што го подготвувавме, колку е поразличен од точките кои беа разговарани на средбите на преговарачките тимови итн’”, рече Аровски.
Тој додаде дека предлогот обвинителката Вилма Русковска да го води новотоЈавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција за нив е далеку од прифатлив.
“А во однос на предлогот на нов практично Јавен обвинител како што го нарече Специјален јавен обвинител, Вилма Русковска, Зоран Заев уште еднаш ја потврди спрегата помеѓу СДСМ, него и Русковска обвнителството, односно уште еднаш потврди дека неговиот предлог за нов обвинител, наместо Катица Јанева е негов личен избор, односно човек кој што целиот изминат период работел за интересите на СДСМ и на оваа влада”, рече Арсовски.