Еко-герила бара Владата да ги одземе ингеренциите на општина Тетово

Протест против загадувањето на воздухот во Тетово. Аријанит Џафери од Еко Герила. Архивска фотографија.

Протест против загадувањето на воздухот во Тетово. Аријанит Џафери од Еко Герила. Архивска фотографија.

Невладината организација „Еко-герила“ денеска побара Владата и премиерот Зоран Заев да и ги одземат ингеренциите на општина Тетово поради големиот број нерешени проблеми.

„Градоначалничката Теута Арифи во вториот мандат не успеа да одговори на потребите, барањата и законските обврски за да има чиста животна средина и функционален ред. Со оглед дека во предизборната кампања во 2017 Вие и дадовте отворена поддршка, Ве молиме да ги одземете ингеренциите на Општина Тетово за кои не успеа да се справи и да ги управува“, изјави Аријанит Џафери од „Еко-герила“.